Словенечката група Лајбах на 27 март ќе одржи концерт во МКЦ во Скопје. Тие пред македонската публика ќе го претстават новиот студиски албум Also Sprach Zarathustra. Музиката за новиот албум е всушност музиката што групата ја компонирала за театарската претстава „Така зборуваше Заратустра“.
Скопскиот концерт на Лајбах е во рамки на европската турнеја за Also Sprach Zarathustra, но и во рамките на фестивалот „Таксират“, кој идната година ќе го одбележи 20. јубилеј.