Концерт на Шон Пол во Скопје

Шон Пол, светската реге и хип-хоп ѕвезда, на 23 август ќе одржи концерт на стадионот на АРМ во Скопје. Концертот е во организација на „Фјужн продакшн“ и на „Акаша букинг“ и тоа ќе биде единствениот настап на јамајканскиот музичар и продуцент во регионот во рамките на неговата светска турнеја. 45-годишниот реге музичар ќе пристигне во Скопје по концертот во Кардиф, а оттука ќе ја продолжи турнејата во Азија.

Шон Пол е активен во музиката преку 20 години. Досега има објавено шест студиски албуми, а во текот на годината ќе објави нов албум. Осумпати е номиниран за наградата Греми, а ја освои во 2004 година за најдобар реге албум.

Картите за концертот на Шон Пол ќе бидат пуштени во продажба денес преку мрежите karti.com.mk, mktickets.mk и kupikarti.mk.

Scroll to Top