По повод Св. Трифун, денот на лозарите, на градскиот плоштад во Кавадарци концерт ќе одржи Владо Јаневски. Тој ќе пее од 21: 45 часот и пред публиката ќе ги испее своите најголеми хитови.
Организатор на концертот е општината Кавадарци. Тие најавуваат дека во текот на денот ќе се одржат неколку културни манифестации. Денот ќе започне со културно уметничка програма во 11 часот и 40 минути, како најава за традиционалното закројување на лозите кое е предвидено за 12 часот. Од 12:30 до 15 часот настап ќе имаат фолклорни состави и чалгии.
Вечерната програма ќе започне во 20:30 часот со настап на кавадаречки бендови. По концертот на Владо Јаневски на плоштадот, диџеј сетови ќе имаат неколку кавадаречките диџеи.
Целиот плоштад во Кавадарци ќе биде уреден во духот на празникот Св.Трифун. Ќе бидат поставени штандови со традиционална храна, вино, маџун и производи од грозје.