Новинарката Александра Спировска летните денови ги минува во Ксамил, Албанија, каде што ужива во одморот со својот сопруг, кошаркарот Милан Димитриески, како и со синот од нејзиниот претходен брак.
Од популарното туристичко место на брегот на Јонското Море, Александра сподели серија фотографии на социјалните мрежи и на своите следбеници им покажа дел од летната атмосфера.

На објавените фотографии, новинарката ужива покрај тиркизното море, песочните плажи и прекрасните зајдисонца по кои Ксамил е препознатлив.
Особено внимание привлече нејзиниот летен изглед. Спировска позира во црн костим за капење, а стајлингот го надополни со впечатливи долги плетенки.

Со фотографиите таа покажа дека ужива во одморот, а нејзиниот изглед не остана незабележан на социјалните мрежи.
Ксамил и ова лето е меѓу најбараните туристички дестинации во регионот. Местото е познато по кристално чистата вода, тиркизните нијанси на Јонското Море и малите песочни плажи, а токму оваа дестинација Александра и Милан ја избраа за својот летен одмор.

Спировска зад себе има три брака. Од бракот со Пере, членот на популарната група „Нокаут“, ги има ќерките Миа и Каја, додека од вториот брак го има синот Вилен.
Александра и кошаркарот Милан Димитриески се свршија кон крајот на 2022 година. Нивната љубов ја крунисаа со црковна венчавка и свадбена прослава во февруари 2025 година.

Судејќи според фотографиите што ги сподели, новинарката максимално ги користи летните денови и ужива во убавините на албанското крајбрежје.

(Фото: Инстаграм/Александра Спировска)






