Концертна претпромоција на новиот албум на „Темпера“

Утревечер, македонската група „Темпера“ ќе одржи концертна претпромоција на новиот албум. Во организација на 3 Гонга, со почеток во 21 часот тие ќе настапат во ноќниот клуб „Станица 26“. Во „Темпера“ членуваат Мите Димовски на тапани, Ѓоле Максимовски на бас, Драган Гиновски на гитара и вокалистката Тања Тас.

„По ‘Тивка река’ и ‘Ѕвер’, сега ја промовираме песната ‘Не застанувај’. Првиот албум е карактеристичен по различноста на стиловите на песните. Такви се и песните кои ќе се најдат на вториот. Тивки сме како ‘Тивка река’, а енергични како ‘Ѕвер’. Сите се обоени со нашиот препознатлив звук. Нашиот нов албум е во подготовка и голем дел од него ќе биде отсвирен на нашиот концерт утревечер, велат од бендот.

Тие ветуваат одлична свирка на која ќе ги отсвират песните од нивниот албум „Играј“, а премиерно ќе ја изведат во живо нивната нова песна „Не застанувај“ за која неодамна направија и видео запис, како и песни од нивниот нов албум кој е во подготовка.

Scroll to Top