Концертот кој вечерва Шон Пол требаше да го одржи на стадионот во АРМ ќе се одложи поради технички проблеми, велат организаторите „Фјужн продукција“. Оттаму објаснуваат дека пејачот бил спречен да се качи на закажаниот лет во Лондон, а дека поради веќе закажани ангажмани, концертот е невозможно да се одржи утре.
„Со огромно жалење мораме да ви соопштиме дека концертот на Шон Пол нема да се одржи! И покрај тоа што речиси целата екипа на Шон Пол вчеравечер пристигна во Скопје, Шон Пол, за жал, поради технички причини беше спречен да се качи на закажаниот лет во Лондон. Со оглед на неговите веќе закажани ангажмани и покрај нашите напори концерт да има утре (24 август) тоа е невозможно да се случи. Новиот датум ќе биде соопштен дополнително. Сите што купиле влезници ќе можат да ги зачуваат за новиот датум, кој ќе биде соопштен дополнително, или да си ги вратат средствата на продажното место од каде го набавиле билетот“, стои во соопштението.