Од Кожувчанка донираа 15.000 литри вода за општина Пехчево, која е зафатена од пожарите.
-Ситуацијата со пожарите низ цела држава во која веќе подолг временски период се наоѓаме не не остава рамнодушни. Последниот пожар кој го зафати Пехчево и околината , го остави овој крај и без вода за пиење. Кожувчанка ДОО денес итно испрати 15.000 литри вода донација на Општина Пехчево, велат од Кожувчанка.