Краток албум за двајца

Вечерва со почеток во 21:00 часот во кафе бар „Винил“ ќе се одржи промоција на деби албумот на Телемама и Пиколомини, „Краток албум за двајца“. Албумот е во издание за независниот музички издавач „Шарла рекордс“.

Телемама и Пиколомини се соло артисти со неколку издадени албуми кои ги претставија на македонската и на регионалната независна музичка сцена. Оваа соработка доаѓа по успешниот сингл „Аника“ кој излезе минатото лето, кој доживеа и интернационален успех. Њујоршко радио ја вклучи песната во својата програма, а тоа го направија и неколку канадски инди радио-станици, европски независни музички портали.

Краток албум за двајца е мини колекција од 7 композиции напишани од Давид Ангелевски и Драгана Заревска и е обид да се изгради музичко-тематски контекст околу „Аника“. Албумот ќе биде објавен како дигипак ЦД издание достапно во ограничен број копии, а од следната недела ќе може да се преземе дигитално од бендкемп профилот на „Шарла Рекордс“.

Scroll to Top