Крводарителка акција во чест на Тоше

На 25 јануари од 9 до 17 часот во Дом на АРМ четиринаесетти пат ќе се организира голема крводарителска акција посветена на Тоше Проески.

Крводарителската акција се организира во знак на одбележување на роденденот на Тоше. Организатори се Црвениот крст на Град Скопје, Општинска организација на Црвен крст Гази Баба, Институтот за Трансфузиона медицина, а со поддршка на „Тоше фан Македонија“ и фондацијата „Тоше Проески“. Поддршка на акцијата ќе дадат членовите на Клуб 25 – Скопје и волонтерите на ЦК Гази Баба.

 

Scroll to Top