Македонската химна ечеше во Атина, нашите танчерки први во светот

Македонските танчерки се први во светот на Светско првенство во танц кое се одржува во Атина, Грција. Златната медаља им припадна на девојчињата од групата „Џуџиња“, на првиот ден од танцовиот натпревар,  во категоријата латино шоу. Освен злато, македонските танчерки, јуниорки од групата Austin Powers,  го освоија третото место во латино шоу,  во огромна конкуренција од 29 групи во светот.

Златната медаља, им припадна на девојчињата од групата „Џуџиња“

„Браво. Ова е најголем успех за нас, а и за Македонија чија химна ечеше во срцето на Грција“, напишаа на својот фејсбук-профил од танцовото студио Eat The Beat, во кое членуваат македонските танчерки, кои, ги освоија првото и третото место во светот.

Македонските танчерки, јуниорки од групата “Austin Powers”,  го освоија третото место во латино шоу,  во огромна конкуренција од 29 групи во светот.

„Пресреќни сме на овој наш успех. Се подготвувавме за овој натпревар, и навистина успеавме да покажеме дека сме најдобри. Продолжуваме понатаму, со исто темпо во категориите соло и дуо“, ни изјави Сандра Георгиев, дел од тимот кој настапува на Светското првенство во Латино Шоу и Синхро Денс 2017 во Атина.

(А.Г.)

 

Scroll to Top