Македонски и балкански ѕвезди на Пивофест во Прилеп

Од 12 до 15 јули Прилеп по 16. пат ќе се одржи фестивалот на пиво и скара „Пивофест 2018“. Годинава фестивалот ќе го организира агенцијата „Ентфинити“, а општината како поддршка на „Пивофест“ ќе потроши 2.5 милиони денари.

Организаторите најавија концерти на популарни музичари од Македонија и од соседството. Меѓу изведувачите годинава се и Кирил Џајковски, Дарио, Тони Зен, Дани, Некст Тајм, а како ѕвезди од соседството се најавени Жељко Јоксимовиќ, Шабан Шаулиќ, Ван Гог, Црвена Јабука, Милица Тодоровиќ и други.

Организаторите најавија штандови на сите големи производители на пиво, ама и на малите пивници од земјава. Велат, намалена ќе е и цената за паркирањето, па тоа наместо досегашните 100 денари, ќе чини 50 денари за еден ден. Повторно во Паркот на револуцијата ќе има камп кајшто ќе може да се сместат посетителите од другите градови. За нив ќе се обезбедат топли напитоци и супа, а ќе има поставени и туш кабини.
Scroll to Top