Македонски ора и обчаи на Фолкорниот фестивал во Радовишко

Со изведба на македонската химна и химната на Фолклорниот фестивал „Велигденски средби“, дувачки оркестар од 30 свирачи од Пиринска Македонија се одржа 14–тото издание на интернационалниот фестивал „Велигденски средби“ во манастирскиот комплекс „Св. Ѓорѓи“ во непосредна близина на с. Ораовица, Радовишко-познато излетничко место.

На фестивалот настапија 30 домашни и меѓународни културно-уметнички друштва. Фестивалот е од изворен карактер и на него беа претставувани обичаите, игрите и носиите на секое друштво од кај што доаѓаат пред многубројната публика во дворот на манастирот.

Организатор на настанот е директорот на Фолклорниот ансамбл „Китка“ од село Ораовица, Димче Петров.

Фестивалското жири составено од музички стручњаци, додели 11 награди и Гран При. Настанот го водеше Александра Велинова.

Scroll to Top