Неколку илјади песни од македонски поп и фолк пејачи деновиве биле избришани од интернет каналот Јутјуб, затоа што биле плагијат пренесува Фокус. Поточно, песните се отстранети затоа што биле превземени и преснимени без дозвола на продукцијата која ги поседувала авторските права.
На Даниела Темелковска, Влатко Миладиновски, Татијана Стефановска, Ѓоко Јовиќ, ,,Анеат Арсовска, група Молика, Дрим тим, Респекти, Екстра бенд и многу други музичари им се избришани песните. Ова се само дел од музичарите.
Според пишувањата српската продуцентска куќа Вејв Ентертејмент, до надлежната служба во Јутјуб, доставила листа на видеа со песни за кои поседува авторски права, а кои македонските музичари ги превземале и преснимиле без дозвола. Потоа, тие снимки биле избришани од Јутјуб каналот.
Освен тоа, авторите на песните кои пејачите нелегално ги преснимиле, подготвиле заедничка тужба за да ги остварат своите авторски права, за да во иднина не се продолжи со старата практика, градење кариера и доаѓање до заработка, со музика за која се нема откупено авторски права.
Се зборува дека македонските пејачи, порадиљубомора често ѝ самите ги пријавуваат своите колеги за плагијат, кај продуцентите кои имале авторски права за одредени песни. Меѓу македонските музичари можат да се слушнат и коментари дека ова всушност е војна меѓу самите пејачи поради се поголемата конкуренција.