Од 13 до 17 декември во Копенхаген ќе се одржи Европското првенство во кратко пливање, а Македонија ќе има 4 пливачи: Ана Јаневска, Љупчо Ангеловски, Миа Крстева, Давор Петровски и Методија Ангелески. Нивното учество го поддржа Агенцијата за млади и спорт на РМ во соработка со Пливачката федерација на Македонија.
„Горд сум што можам да кажам дека 4 наши пливачи ќе учествуваат на ова Европско првенство. Убеден сум дека достоинствено ќе ги бранат боите на Македонија. Им посакувам многу успех и многу среќа и достоинствено да ги одбранат боите на Република Македонија“, рече Дарко Каевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.
Благодарност до Агенцијата изрази Александар Маленко, претседател на Пливачката федерација на Македонија.
„Нека биде ова еден почеток на пливачкиот професионализам“, додаде Маленко.
На Европското првенство во кратко пливање ќе учествуваат околу 700 пливачи од 45 држави и ќе се натпреваруваат во 40 настани.