Еден од најуспешните диџеи и продуценти од Македонија, Галоски, се врати од мини турнејата во Јапонија. Тој настапи пред распродадениот клуб V2 Tokyo, еден од најпознатите и најпопуларни ноќни клубови во Токио, каде што настапувале и Џастин Бибер, Доктор Дре, „Блек ајд пис“, Флорајда, Не-Јо, „Уан дајрекшн“ и други. На еден од настапите на Галоски, гостин бил основачот на DJMAG, едно од најголемите светски списанија за електронска музика и диџејство.
Како дел од неговата мини турнеја во Јапонија, нашиот диџеј и продуцент настапи и во ELE TOKYO и Villa Tokyo.
До крајот на месецот Галоски ќе настапи во Шпанија, во Австрија, а заедно со светски познатиот диџеј Афроџек ќе има настап во Љубљана, Словенија.
Галоски неодамна потпиша договор со една од најголемите издавачки куќи за електронска музика во светот, „Армада мјузик“, која е во сопственост на Армин Ван Бурен.