„Македонско девојче“ изведена од шпански оркестар во Минхен

Оркестарот “BARCELONA GIPSY BALKAN ORCHESTRA” во април направил промоција на својот најнов албум насловен како “Аvo Kanto” низ цела Германија.

За време на нивниот настап во Минхен, тие ја извеле и најпознатата македонска песна “Maкедонско девојче”.

Во оркестарот членувале Робиндро Николиќ (Шпанија), Матиа Широса (Италија), Иван Ковачевиќ (Србија), Џулиен Чанал (Франција), Стелиос Тогиас (од Грција) и Сандра Санаџио (Шпанија), изведува традиционални песни од Источно европскиот регион, Јужна Америка и Средниот Исток.

Scroll to Top