Традиционалниот Вевчански карневал запона вчера , а денес е дефилето на маските по повод Василица. На карневалот во Вевчани е и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, кого „го поткупиле со вевченски пари за карневалот“. Тој не се маскирал, ама насмевката покажува дека фино си поминува. Вевчанскиот карневал сам по себе е уникатен и единствен. Учесниците во карневалот ја имаат сета слобода низ креативноста и импровизацијата да ги изразат чувствата за критика и иронизирање на општествените процеси во изминатата година.