Модни приказни во „Акантус“

Од вчера во галеријата „Акантус“ преку модните приказни кои ќе траат до 20 мај, започна промотивната продажба на секнд хенд облека. Под мотото „Животот е прекраток за да носиш бренд“ „АмстерДама“ ќе покаже дека и со секнд хенд облека може да сте модерни и шик. Дизајнерката на накитот  Ксенија Котев ќе и прави друштво на дамата од Амстердам, а модните фотографии на Еди Станковски ќе го красат просторot на галеријата.

Промотивнатa продажба на „АмстерДама“, e нa партнерска двојка која живее и работи во Амстердам. „АмстерДама “има симпатична желба и воља да ја пренесе културата на секнд хенд шопинг, која е исклучително популарна во Амстердам.

За оваа пригода направија соодветна селекција на автентинтични парчиња женска и машка облека. Ретро, винтиџ, тренди и авангардно . За дизајнерскиот накит е задолжена Ксенија Котев. На групната изложба ќе бидат претставени парчиња накит од двете претходни колекции на Котев, “Hidden stories” и “Cradle of desires” и мал поглед во новата колекција која допрва претстои “Embryo” .

Финалниот декор го има уметникот Едвард Станковски, кoј повеќе од 25 години живее и работи во Амстердам а пред скопската публика се претставува со изложбата ” La Femme Obscure”. Во центарот на оваа изложба е жената, нејзината убавина, сензуалност, таинственост и сила.

Scroll to Top