На граѓаните им треба чист воздух само на „Фејсбук“

На социјалните мрежи секојдневно се пишува за загаденоста и за проблемите со кои се соочуваме, се поставуваат слики од мерните единици низ градот со висината на загаденост и слично. Но само стотина граѓани излегоа на протестот што под мотото „Станете за чист воздух“ се организираше пред Владата на Република Македонија. Неколкумина од протестантите објавија фотографии од протестот и искоментираа дека граѓаните сакаат чист воздух, но само преку тастатура, на „Фејсбук“ и на „Твитер“.

Во големите светски метрополи, на протести против загадувањето, за правата на жените, за правата на животните, против смртна казна, за права на ЛГБТ заедницата и слично, познатите личности секогаш се во првите редови. Од нашите јавни личности на протестот во Скопје излегоа Сара Мејс, диџеј Мац, Наде Талевска и актерот Висар Вишка.

Граѓаните од Владата побараа речавање на проблемот со загадувањето, итно чистење на сите главни и споредни улици и депонии во градот, забрана за сообраќај во најзагадените денови освен за возила на пожарната, полицијата и брзата помош, бесплатен јавен превоз и забрана за градежни активности во зимските месеци.

(А.Ј)

 

 

Scroll to Top