На 27 јули ќе се одржи деветтото издание на „Грин бич фестивал“. Меѓу годинашните хедлајнери е и Ника Кравиц, прогласена за најдобар диџеј за 2017 година. Сибирската технодива е позната по бескомпромисните и енергични диџеј-сетови. Изминатата година имаше завршни сетови на одбрани фестивали. Таа важи за една од најхаризматичните личности на електронската сцена, а нејзините настапи се прочуени по уникатното и интензивно чувство со кое ја восхитува публиката.
Набргу ќе бидат објавени повеќе информации за настанот, продажбата на билетите и новата локација на струшко-охридското крајбрежје, каде што ќе се одржи деветтиот „Грин бич фестивал“.