Нова збирка раскази од Оливера Ќорвезироска

By

Денеска од печат излезе книгата „Улиците што ги нема“, нова збирка раскази од македонската писателка и критичарка Оливера Ќорвезироска. Во книгата се вклучени 33 приказни кои создаваат една поинаква мапа на градот Скопје. „Виетнамска“, „Железничка“, „Ленинова“, „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, „Булевар ЈНА“, „Булевар АВНОЈ“ се само дел од книжевното богатство на овие стории. Книгата е во издание на „Или-или“.

Оливера Ќорвезироска е македонска писателка и критичарка. Нејзините раскази се преведувани на англиски, француски, унгарски, албански, турски, чешки, српски, словенечки, бугарски, полски и руски јазик. Повеќекратен добитник е на награди за раскази во Македонија. Автор е на многу книги меѓу кои и „Трети кат“ и „Високите бели“ (поезија); „Кифличката Мирна“ и „Мојот брат од тринаесеттиот кат“ (романи за деца); „Заклученото тело на Лу“ (роман за возрасни) и други.

Ќе ви се допадне

KissAnime kissanime online: Fairy Tail (https://kissanimeonline.com/m/9Gd) Episode 175

ANIMEFLIX animeflix bleach: Hunter x Hunter (Dub) Episode 148