Одбележани 37 години од раѓањето на Тоше Проески

Обожавателите на Тоше Проески од целиот Балкан секоја година го одбележуваат 25 јануари, денот на неговото раѓање. Утринава, голем број луѓе го посетија Гумење во Крушево и уште еднаш му оддадоа почит на починатиот пејач.

Денот на раѓање на Тоше традиционално се одбележува со голема крводарителска акција организирана во Домот на АРМ во Скопје. Во Крушево, пак, се одржа културно-уметничка манифестација во неговата спомен-куќа.

Сепак, фановите на Тоше со големо нетрпение го очекуваат новиот албум на Тоше, досега необјавени песни коишто биле пронајдени во неговиот компјутер. Фондацијата „Тоше Проески“ пред неколку месеци го најави албумот, ама не и точниот датум кога ќе биде промовиран.

 

Scroll to Top