Вчеравечер на плоштадот „Македонија“ во Скопје светна новогодишната елка. Осветлувањето беше дополнето со музичка програма, а настапија хоровите од средните училишта во град Скопје. Диригент на настанот беше Јасмина Беличанец. Освен елката, беа поставени и светилки на улица „Македонија“.
Уште во текот на минатиот месец градоначалникот Петре Шилегов го откажа дочекот на Новата година на плоштадот, а средствата беа планирани за организирање Градот ќе ги донира на Клиниката за белодробни заболувања.
Скопјани сепак ќе имаат пречек на Нова година со музичка програма, на плоштад Јадран, а во организација на Општина Центар.