Концертот на Регенбоун мен, што требаше да се одржи на 11 мај во Скопје, се откажува.
„Со огромно жалење сакаме да ве информираме дека концертот на Регенбоун мен во Скопје се откажува. Од технички причини менаџментот на Регенбоун мен ги откажа сите негови концерти во овој дел на Европа, вклучувајќи ги градовите: Белград, Загреб, Софија, Скопје, Солун, Будимпешта и Истанбул.
Сите оние што имаат купено влезници за концертот на Rag`n`Bone Man ќе може да направат поврат на средствата онаму каде што ги имаат набавено”, стои во соопштението на „Авалон продукција“, организатор на концертот.