Почнува Скопскиот џез фестивал

Британскиот пијанист Александер Хокинс вечерва во 20 часот ќе го отвори 37. издание на Скопскиот џез фестивал.  Предвидени се 12 концерти во Македонската опера и балет (МОБ) и во Денсинг салата на Младински културен центар (МКЦ), каде на програмата ќе бидат полноќните свирки.

По Хокинс, на сцената во МОБ од 22 часот ќе може да се слушне необична мешавина од џез и хип-хоп. За првиот дел ќе биде задолжен квартетот на саксофонистот Дејвид Мареј, кој ќе биде придружуван од култниот американски поет, рапер и раскажувач Сол Вилијамс.

Програмата на полноќ се сели во МКЦ, каде што ќе настапат американскиот гитарист и пејач Арто Линдзи и норвешкиот тапанар Пал Нилсон-Лав.

Scroll to Top