Шон Диди Комбс е обвинет за силување и физичко насилство, пишува „Page Six“. Тужбата против раперот ја поднесе неговата поранешна девојка, пејачката Касандра Вентура попозната како Каси.
Во тужбата навела дека Диди ја запознал во 2005 година, кога имала 19 години. Започнавме врска, а раперот, тврди пејачката, ја контролирал од самиот почеток и бил насилен кон неа. Таа изјавила дека ја терал на секс со машки проститутки додека снимал се, физички ја малтретирал и ја дрогирал.
37-годишната пејачка тврди дека Диди бил склон кон „неконтролирани бесови“ и честопати „дивјачки ја тепал“. Наводно, се се одвивало пред очите на неговите вработени, а Диди, според неа, често ја терал да го носи неговото огнено оружје во чантата „за да се сети дека е способен тешко да ја повреди“.
Таа, исто така, се присетува на ситуација пред крајот на нивната врска во 2018 година. Таа изјавила дека раперот без дозвола влегол во нејзиниот дом и ја силувал.
„После години тишина и темнина, конечно сум подготвена да ја раскажам мојата приказна и да зборувам за себе и за другите жени кои се справуваат со насилство и злоупотреба во врските“, изјави Каси за странските медиуми.
Се огласи и адвокатот на раперот, Бен Брафман. Тој ги отфрли сите обвинувања на пејачката.
„Господин Комбс ги негира овие навредливи и срамни обвинувања. Г-ѓа Вентура постојано бара од него 30 милиони долари во последните шест месеци, заканувајќи се дека ќе напише книга за нивната врска на негова штета. Ова е јасна уцена“, рече тој.