Камерниот оркестар на Битола на 30 декември ќе одржи предновогодишен концерт наречен Ladies’ Symphony. Концертот ќе се одржи Центарот за култура на Битола, со почеток во 20 часот, а ќе настапат Наде Талевска, Лена Златкоска, Ирена Димовска, Марија Груевска и Ана Гаштарова.
Со овој концерт, како што велат организаторите, сакаат да ја заокружат најуспешната година досега.