Пријавете се за 6. Авицена женска трка

Минатата недела почна пријавувањето за Авицена женската трка, која ќе трае до 4 февруари. Учесниците ќе имаат можност да го одберат својот омилен стартен број. Во првиот бран, кој трае до 15 февруари, котизацијата изнесува 150 денари, а самото пријавување завршува на 28.03.2018.

Оваа година ќе има исклучително изненадување со тоа што трката ќе биде од уличен карактер и ќе се одржи на бул. Илинден во Скопје. За првпат стартот и целта ќе бидат пред фонтана Лотoс на бул. Илинден и ќе се трча по самиот булевар во еден круг од 2 км.

Стартниот пакет за Авицена женска трка вклучува стартен број со чип, онлајн диплома во ПДФ формат, вода, учество во лотарија и подароци од спонзорите.

Оваа година загревањето ќе биде пред платото на фонтанa Лотoс, каде што по завршувањето на трката ќе има лотарија и прогласување на најдобрите на 2 км.

Пријавувањето и регистрацијата за Авицена женската трка 2018 може да се направи преку официјалната веб-страница на Авицена женска трка www.zenskatrka.mk и преку партнерот за онлајн регистрација на Авицена женска трка www.smartrace.club.

Scroll to Top