Продолжува АВАНТУРА-та со Државната лотарија на Македонија

By

Втората серија на инстант-лозот АВАНТУРА на Државната лотарија на Македонија донесе уште една премија, овој пат во скопско Драчево. Автомобилот „киа спортаж“ е изгребан на продажното место ГОГИ во Драчево, кое е долгогодишен соработник на Државната лотарија на Македонија. И овој пат добивката, автомобилот, отиде во рацете на редовни играчи. Дарко Рујаноски и неговата сопруга Наташа секојдневно гребат по некој инстант-лоз заедно со своите деца. Овој пат нивната ќерка инсистирала тоа да биде лозот АВАНТУРА. Па, така, купил два инстант-лоза АВАНТУРА, од кои едниот бил недобитен, а едниот имал добивка од 60 денари, која ја искористиле како замена, па зеле трет инстант-лоз АВАНТУРА. Кога ги изгребале трите симболи што им носат автомобил „киа спортаж“, најпрвин не им се верувало, па затоа неколкупати ја проверувале својата добивка и во ГОГИ, а потоа и во просториите на Државната лотарија на Македонија. Денес, 21.3.2018 година, заедно се дружевме во продажното место ГОГИ во Драчево и тие ги добија клучевите од својот нов автомобил.

Инаку, Државната лотарија на Македонија, по успешната прва серија на инстант-лозот АВАНТУРА, на пазарот ја пласира и втората серија од овој инстант-лоз, кој, покрај главната премија автомобил „киа спортаж“, нуди и повеќе парични добивки од 50.000 денари, 10.000 денари и многу други помали парични добивки . Не пропуштајте ја шансата за само 60 денари да возите нов „киа спортаж“.

Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во Авантура и изгребете „киа спортаж“!

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЗА ДОБРО!

Ќе ви се допадне