Српската пејачка Марија Шерифовиќ на 17 март догодина ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“. Ова е прв концерт на Шерифоовиќ кај нас. Македонската публика ќе може во живо да ги чуе хитовите „Бол до лудила“, „Паметна и луда“, „Горка храброст“, но и победничката песна на Евровизија 2007, „Молитва“.
Билетите за концертот се веќе пуштени во продажба. Организатор е „Прагма продукција“.