Американска корпорација „Орбитал асембли“ ќе го изгради првиот вселенски хотел и тој треба да почне да работи во 2025 година, пренесе The Points Guy.
На оваа идеја инвеститорите работат долго време, и наскоро ќе ја почнат реализацијата. Хотелот ќе може да прими до 400 луѓе и веројатно ќе чини неколку милијарди долари. Гостите ќе може да почувствуваат и како е да се биде во бестежинска состојба.
Компанијата вели дека сепак најголем проблем ќе бидат трошоците за патување и сместување и дека само мал број луѓе ќе можат да си дозволат да престојуваат во нивниот хотел.