На 13 април тенорот Благој Нацоски ќе одржи соло рецитал во Македонската опера и балет, во пијано придружба на Јанинка Невчева. Нацоски оваа година навршува 15 години меѓународна кариера.
По ланскиот успешен настап, кога беше изведен циклусот „Зимско патување” од Шуберт, за првпат ќе одржи целовечерен рецитал наречен Sole e Amore. На рециталот ќе изведе 20 соло песни од Винченцо Белини, Џоакино Росини, Џакомо Пучини, Франческо Паоло Тости, Рејналдо Хан и Бенџамин Бритн.
Во сите песни ќе преовладуваат токму љубовта и сонцето (sole e amore). Песните се со весел карактер кој буди оптимизам кај слушателот. За првпат ќе биде изведен и циклусот „Венеција“ од Рејналдо Хан.