Росица Мршиќ ја претстави „Силија“

Македонската дизајнерка Росица Мршиќ вчеравечер во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ ја претстави најновата колекција наречена Celia. Модните креации, кои се инспирирани од портретите на Силија Биртвел насликани од познатиот англиски уметник Дејвид Хокни, беа прикажани на несекојдневен начин со моден перформанс во неколку простории.

Новите модни парчиња за сезоната пролет-лето се нетипични за досегашната работа на Мршиќ.

Фото: Ани Дими

„Парчињата кои ги создадов се парчиња за секој ден, за секоја пригода, но секогаш интригантни и возбудливи. Силни бои, цветни стилизирани принтови, црна и мека бела боја, артистични текстури на материјал, кроеви сложено изработени. Тие ја прават Celia карактерно романтична и авангардна“, рече Мршиќ.

Фото: Ани Дими

Дизајнерката на накит Марта Поп Антоска инспирирана од креацииите на Росица Мршиќ изработи лимитирана серија на накит од стакло.

Ревијата на Росица Мршиќ беше во организација на Моден викенд Скопје.

Фото: Ани Дими
Scroll to Top