Поп-пејачката Сања Лефкова деновиве го промовираше спотот за својата нова песна „Почеток и крај“. Автор на песната е Александар Масевски, а „Томато продукција“ го сними спотот.
„Благодарам за поддршката на мојот сопруг Мики и на моето синче Никола, кои секогаш ме бодрат за секој потег во мојата професија“, вели Лефкова.
Таа додава дека за својата публика има изненадување што го открива во самиот спот.