Од Seavus едукативниот и развоен центар и Џолев и уметностите ги најавија уписите за втората генерација визуелни артисти и модни дизајнер. Оваа година предвидени се 20 места за студентите од Академијата за визуелни уметности кои ќе изучуваат графички дизајн, видео и фотографија и 10 места за студентите од Академијата за моден дизајн.
По тој повод, отворен е повик за стипендии што трае до 31 август.
Кандидатите кои ќе аплицираат ќе бидат повикани на кратко интервју со координаторите од академиите пред кои ќе имаат можност да ги претстават своите лични портфолија и дела. Овие средби ќе се остварат во период од 3 од 17 септември, а по нивното завршување официјално ќе бидат објавени добитниците на стипендии.
Преку овој повик ќе бидат доделени:
10% стипендии – за кандидатите кои ќе влезат во вториот круг.
50% стипендии – за кандидатите кои ќе влезат во третиот круг.
100% стипендија – за најдобриот кандидат од сите пријавени.