Седми пат Џез фестивал во Прилеп

Од 30 август до 1 септември на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи седмиот Меѓународниот џез фестивал.

„Годинава фестивалот нуди многу интересна програма, која е комбинација на џез од Италија, Франција и Грција, врвен балкански џез со бендот на Васил Хаџиманов, мултикултурен перформанс на Јордан Костов, а ќе понудиме и квалитетна џез музика од македонски бендови, бендот на Владимир Четкар и скопјаните „Фиерс“ велат организаторите.

Последната вечер од фестивалот е резервирана за концертот на „Деца лоших музичара“. Освен официјалната, на фестивалот ќе има и оф-програма.

Scroll to Top