Северина доаѓа во Охрид

Летово Северина доаѓа во Охрид. Хрватската пејачка ќе одржи концерт во Охрид на 27 јули на стадионот „Билјанини извори.

Хрватската поп-пејачка е актуелна со хитовите „Хазаред“ и „Мртав за мене“, со кои го најави нејзиниот нов албум.

Претходниот поголем концерт на Северина во Македонија, се случи во Скопје во 2013 година. Концертот беше дел од промотивната регионална турнеа на албумот „Добродошао у клуб“.

Концертните настапи на таа турнеа беа богато мултимедијално шоу, а ги режираше покојниот словачки режисер Томаж Пандур.

Scroll to Top