На 23 и 24 февруари, во организација на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија и СРЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи вториот меѓународен и национален натпревар во уметничко лизгање. Главната награда на настанот е титулата Национален првак во ументичко лизгање.
На овој настан ќе учествуваат 60 натпреварувачи на возраст од 5 до 25 години. Тие ќе бидат поделени во пет категории: кадети, кадети Б и Ц, млади јуниори, јуниори и сениори. Во петок ќе лизгаат учесниците во интерпретативните категории, а во сабота ќе се одржат натпреварите во уметничко лизгање. Настанот ќе се одвива по критериуми и правила стандардизирани од Меѓународната унија на уметничко лизгање (ISU).
Целта на настанот е да се популаризира уметничкото лизгање во Македонија и да се поттикнат деца и млади да почнат да се занимаваат со овој спорт. Влезот двата дена ќе биде слободен.