Во Соборниот храм во Скопје утрово се одржа бадникова прослава. Стариот кум за Бадник, Ратко Манов му го предаде кумството на новиот кум Влатко Огненовски.
„Да бидеш кум е најубавиот период во мојот живот. Изминатата година ја поминав со најблиските и соработниџите. Оваа прилика ја користам да ве поздравам да ви посакам многу љубов, здравје и среќа“, рече при предавањето на кумството Ратко Манов, досегашниот кум.
На прославата присуствуваа и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ кои им ги честитаа празниците на насобраните граѓани пред храмот. Според нив, ова е убав чин на почит кон религијата.