Спортистите од Специјалната олимпијада на Македонија снимија ТВ-интервјуа со македонските спортски ѕвезди: кошаркарот Перо Антиќ, кошаркарката Едина Муса, ракометарот Кире Лазаров, фудбалерката Наташа Андонова и пливачот Евгениј Поп Ацев.
Петте епизоди, дел од ТВ-проектот „Горди на себе“, се емитуваа на утринската програма на МТВ – „Македонија наутро“, и тие во улога на новинари со своите соговорници разговараа на теми, како: кариера, спорт, патувања и предрасуди и на овој начин ги претставија своите можности и вештини.