На 6 февруари шести пат во хотелот „Мериот“ ќе се одржи The Bridal Fashion Night, каде идните невести ќе можат да најдат сè за својата свадба.
Настанот во организација на „Моден викенд Скопје“ ќе почне со ревија на MCouture by Mila Kadriu и нејзината колекција Spring Bridal 2018. Ревија ќе одржи и модната куќа „Менакон“ од Косово, а потоа ателјето „Ал
Апарел“ на Наташа Карчева и нејзината најнова колекција Endless love. Македонските невести првпат ќе ги видат моделите на ателјето „Зана“ од Косово и колекција Something more. Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа –Бу“, која изработува несекојдневни фустани од свежо цвеќе, и овој пат ќе претстави нова уникатна креација. Вечерта ќе ја затвори Elizabet design studio.
„Македонските невести имаат сè пософистициран вкус кога е во прашање венчалниот фустан, сè посмели се
во својот избор и ги следат светските трендови. Освен фустани, на настанот можат да ги најдат и сите други неопходни нешта за организација на тој важен ден“, велат организаторите.
Бројот на места за присуство на ревиите е ограничен, па секоја невеста мора да поднесе апликација најдоцна до 1 февруари и да чека повратен одговор на нивната адреса на е-пошта. Потврдената апликација важи за две лица.