Денеска во Благоевград ( Бугарија) македонскиот „Театар комедија“ и Драмскиот театар „Никола Вапцаров“ од Благоевград потпишаа договор за меѓународна соработка. Директорите на двете институции, Сашо Ристовски и Александар Галперин, и нивните соработници се договорија за заемна размена, гостувања, учества на фестивали и соработка на нови проекти со цел продлабочување на соработката помеѓу театрите и државите.
„Театар комедија“ ќе соработува со „Драмски“ од Бугарија
