Mr. Ziggy And The GlassSpiders, на 31 март ќе одржат концерт во малата сала на ВИП Арената Борис Трајковски.
Ова ќе биде втор концерт на трибјут бендот за легендарниот Дејвид Боуви, по нивниот успешен настап кон он трибјут бендот за (Depeche Mode) – Sneakers, кој се одржа оваа година во Скопје на 16 февруари
Бендот постои од 1991 г. и досега реализирал бројни настапи и турнеи во цела Европа. Во 1993 г. се наградени како „Најдобар трибјут бенд во Рим“. Mr. Ziggy And The Glass Spiders изведуваат песни од различни периоди од богатиот опус на Дејвид Боуви и за 2 и пол часа, колку што вообичаено траат нивните настапи, ќе ги свират најголемите хитови на господинот на популарната музика како што го ословуваат тие, големиот Дејвид Боуви
На концертот ќе има и дуети на кои ќе настапат, наши – домашни музички артисти кои заедно со Mr. Ziggy And The GlassSpiders ќе ги отпејат безвременските дуети на Дејвид Боуви кои ги отпеја заедно со, Queen, Tina Turner и Mick Jagger. Нумерите: Under Pressure, Tonight и Dancing in the Street.