Елена Ристевска, Дани, Весна Петрушевска, Билјана Петровска, Анкица Стојановска, Горан од Ар-ен-си бенд, Лена и Бојан Маротов вчеравечер беа келнерки и ги служеа гостите во познатиот скопски ресторан „Еквилибриум“. Цела ноќ наплаќаа пијалак и мезе, за оние кои дојдоа да ја поддржат хуманитарна акција, за децата со посебни потреби. Денес ќе се знае колку точно пари се собрани од вчерашната забава, односно 20 проценти од прометот и целиот бакшиш се наменети за децата, а парите ќе бидат предадени во понеделник.