Легендарната група „Црвена јабука“ вечерва ќе настапи во Крива Паланка, каде што ќе одржи предновогодишен концерт. Концертот е во организација на Општина Крива Паланка, а ќе се одржи на плоштадот „Карпошово востание” пред општинската зграда.
Предновогодишно публиката од сите генерации, велат од Општината, ќе може да се забавува и да ги пее: „Има нешто од срца до срца”, „Волио бих да си ту”, „Дирлија”, „Тамо гдје љубав почиње”, „Некако с`прољеча”, „Туго несречо”…
„По многу години, конечно во Крива Паланка вистинска предновогодишна атмосфера и забава“, велат од Општина Крива Паланка.