Средношколци од гостиварската гимназија постигнаа најдобри резултати на Државното првенство во скијање за основци и средношколци.
Ученикот Виктор Петков го освои првото, а Воислав Синадиноски второто место. Ментор на средношколците скијачи е професорот Александар Анастасоски.
Државното првенство традиционално го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија. Годинава, натпреварувањето се одржа на Пелистер во Битола. Во машка и женска конкуренција се натпреваруваа вкупно 240 ученици од основните и средни училишта во Македонија.