Хит-театарската претстава „Кој е тука идиот“ ќе биде одиграна на 1 ноември во Домот на АРМ во Скопје. Главните улоги во претставата што ги освои симпатиите на љубителите на квалитетна комедија на Балканот и пошироко ја имаат познатиот актер и водител Милан Калиниќ и неговиот колега Срѓан Ивановиќ.
Претставата раскажува едноставна приказна за една современа тема, која во 1903 година ја напишала руската писателка Муза Павлова. Во тој период во Русија пред да стапат во брак брачните парови било потребно да добијат низа потврди, меѓу кои била и потврдата од психијатар.
Претставата почнува кога идниот младоженец, кој го игра Милан Калиниќ, по бурната ергенска забава, заминува кај психијатарот, кој го глуми Срѓан Ивановиќ, за да ја добие потребната потврда.
Влезниците набргу ќе бидат пуштени во продажба и може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, „Пола Југотон“ и „Цвеќара Розе“ во „Веро 2“.