По распродадените четири концерти на Каролина Гочева во МОБ, Авалон продукција најави уште три концерти. Првите концерти, на кои Каролина ќе го промовира новиот албум „Извор“ ќе се одржат од 23 до 26 февруари.
„Поради големиот интерес, закажани се нови три концерти, на 1, 2 и 3 март, исто во Македонската опера и балет“, велат од Авалон.
Влезниците за овие концерти се веќе пуштени во продажба, а чинат 800 денари. Со секоја купена влезница следува подарок, луксузно дигипак издание од новиот албум „Извор“, кој ќе може да се подигне по завршувањето на концертите.