Утре концерт на „Суперхикс“

 

„Суперхикс“ ќе одржи концерт утревечер во малата сала на спортскиот комплекс „ВИП – Борис Трајковски“ во Скопје. Настанот, кој е насловен „Изрампарарамизирај се“, по песната „Рампарарам“, практично е концертна промоција на нивниот последен студиски албум „Underground evergreens“. Иако албумот беше објавен пред повеќе од половина година, сепак „Суперхикс“ реши промотивниот концерт да го одржи сега.

– „Рампарарам“ е стихот што последнава година најчесто го слушаме, во автомобил, дома, на ТВ, од фрижидер, во комшии, на пиво, во диско, насекаде. А, 15 декември е денот што ќе му даде боја на секојдневното сивило. Тоа е денот за „рампарарамизирање“ и најновото концертно шоу“ – велат од  „Суперхикс“.

Карти за концертот сѐ уште може да се набават на повеќе продажни места низ Скопје по цена од 500 денари, додека, пак, на денот на одржувањето на концертот тие ќе чинат 600 денари.

Scroll to Top