Вечерва почнува „Макфест“, Дарио со шоу на финалето

Денеска, во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, ќе почне 33. фестивал на забавни мелодии „Макфест“. Фестивалот ќе има три фестивалски вечери, кои ќе се одржат на 4, 5 и на 6 октомври.

„На мое огромно задоволство, на задоволство на граѓаните на општина Штип, еве, триесет и трети пат оваа година се организира фестивалот на забавни мелодии ‘Макфест’, најдобриот фестивал во Република Македонија. ‘Макфест’ е авангарда на македонската музичка сцена, фестивал што многу значи, дал многу хитови пред триесетина години и уште се актуелни и се слушаат“, вели градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски.

Уметничкиот директор на фестивалот, Владимир Дојчиновски, неодамна откри дека оваа година на фестивалот ќе се испеат 32 нови композиции.

„Се надевам на добра забава. Имаме стручно жири, радиожири и публика во салата. Нека победи најдобриот“, рече Дојчиновски.

Трите фестивалски вечери ќе почнат во 20.30 часот. Во финалето шоу-програма ќе има Дарио.

Scroll to Top